ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Енормна потрошувачка на струја поради високите температури

Големите температури бележат речиси енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија во земјава. Од ЕВН-Хоум велат дека во првите две недели од јули часовниците се движеле побрзо како резултат на употребата на клима уреди. И во средата беше постигнат рекорд, кој за 24 часа ја надмина минатогодишната просечна потрошувачка од истиот период за 3.500 MW/h. Или во изминатите 17 денови разликата е речиси 25.000 MW/h споредено со претходните години.

Advertisements

„Во првиот дел од јули (1-17.07.2024 година) се потрошени 254.492 MW/h електрична енергија, што е резултат на високите температури. Најголема потрошувачка е забележана на 17.07.2024 година (среда) со количина од 17.018 MW/h, што воедно е еден од најтоплите денови во овој период. Минатата година вкупната потрошувачка на електрична енергија за периодот 01-17.07.2023 година изнесуваше 229.575 MW/h. Просечната дневна потрошувачка за тој период била 13.504 MW/h“, наведуваат од ЕВН Хоум.

Инаку, од првиот ден на јули струјомерите почнаа поскапо да ја пресметуваат струјата. За повеќето потрошувачи, сметките за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0,4%. Според Регулаторната комисија за енергетика, од 1 јули само во првиот тарифен блок цената останува иста, додека во вториот има зголемување за 0,06, во третиот за 0,17 и во четвртиот за 0,37 денари.

„Во првиот и вториот блок, каде се 88 отсто од потрошувачите поскапувањето ќе биде симболично. Исто така, евтината цена ќе се зголеми за 0,02 денари, а времетраењето ќе остане исто од 13-15 часот, од 22-07 часот и во недела. Оваа цена на струјата ќе важи до 31 декември кога ќе има промена на цената“, велат од РКЕ.

Зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија го преоптовари системот за напојување, што во многу случаи предизвикува и дефекти. Во четвртокот во одредени периоди од денот без струја останаа неколку делови на главниот град, за што претходно информираше приватниот оператор.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button