ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Енормно се зголемија цените на становите

Цените на становите во Македонија се зголемени до 30 отсто. Не само новоизградените, туку и 30 години старите станови кои се реновирани во општините Аеродром, Центар и Карпош се продаваат и по цена од 1500 евра за квадрат. Раст на цените има и во останатите општини. Во Чаир цената достигна и 1200 евра и има сериозна побарувачка, во Охрид еден квадрат се продава за 1450 евра, а во Струга се продваат по 1300 евра за квадратен метар. Градежниците велат дека засега не можат да прогнозираат кога ќе заврши овој бран на поскапувања на становите.

Advertisements

„Материјалите за градба се енормно покачени. Да кажеме цената на челикот е 100 отсто зголемена, со оглед на тоа што челикот, поготово бетонското железо е најмалку покачено од сите метали, може да увидите каде се наоѓаме. Покачен е и бетонот, во последните месеци има покачувања и на цементот. Бетонот од 50-60 евра набавна цена сега под 75 до 80 не може да се набави“, рече Андреа Серафимовски, Асоцијација на градежништво.

Освен зголемување на цените на градежните материјали, од асоцијацијата на градежништво, велат дека, за актуелните високи цени свој удел имаат и трговците кои само продаваат а не градат. Во дел од општините цената на недвижностите пораснала и поради недостатокот на новоизградени објекти. Податоците од терен велат дека и покрај високите цени побарувачката на станови не е намалена.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button