Енвер Беџети не се жалеше на одлуката на Судски за негово разрешување
Енвер Беџети не се жалеше на одлуката на Судски за негово разрешување

Судијата Енвер Беџети кој Судскиот совет го разреши откако се најде на американската црна листа со Артан Груби не се жалел на одлуката. Од Врховниот суд за Алсат потврдија дека законскиот рок поминал и разрешувањето на Беџети од судија, ќе стапи на сила.
„Апелациониот судија Енвер Беџети не поднел жалба до Врховен, откако судскиот совет минатата недела на затворена седница донесе одлука да го суспендира“, известува Михајло Донев, новинар.
Помина законскиот рок од 8 дена во кој судијата Беџети имаше право на жалба до Комисиајта за жалби при Врховен откако на седница затворена за јавноста на 26 мај, судскиот совет постапувајќи по иницијатива за утврдување на одговорност, одлучи Енвер Беџети да го разреши од позицијата апелационен судија. Од Врховен за Алсат брифираат дека Беџети не се жалел, што значи дека одлуката на судски станува правосилна и тој повеќе нема да ја извршува судиската функција. Сепак, за тоа да се случи, судски ќе мора прво и официјално да ја објави одлуката за разрешување на Беџети, но иако го побаравме првиот човек на советот Александар Камбовски тој остана недостапен за одговор кога советот ќе ја извести јавноста.
Откако ќе биде објавена одлуката, во неа ќе треба да бидат обелоденети и причините поради кои советот одлучил да го разреши Беџети. Според закон, постапката за разрешување судија е тајна и до овој момент од советот не откриваа од кои причини се бараше одговорност од Беџети, ако се знае дека претходно Судски само парично го казни Беџети за застарување на предметот со прислушувањето. Одлуката за разрешување на Беџети следува шест месеци откако тој заедно со вицепремиерот во бегство Артан Груби заврши на црната листа на САД поради вмешаност во корупција и мито за Таргет – Тврдина во кој осуден беше поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков. За чувањето на предметот во фиока, и за благите казни од Судски, и Обвинителството оформи предмет но случајот се уште се наоѓа во предистрага. Од Обвинителството рекоа дека се уште се прибираат докази за овој предмет, иако помина половина година. По долги одолговлекување, сега се чека уште советот да ја објави одлуката за тој и официјално да биде разрешен. /Михајло Донев