ВЕСТИСВЕТ

ЕП го одобри воведувањето на Системот за влез и излез на надворешните граници на ЕУ

Со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од есен.

Advertisements

Според овој нов систем, граничните службеници ќе ги скенираат отпечатоците од прсти на лицата кои ја преминуваат границата за прв пат, ќе ги фотографираат и ќе ги евидентираат нивни податоци од пасошот. Овие информации ќе се чуваат во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој кога влегол во Шенген зоната со странски пасош и кој евентуално останува подолго од дозволените 90 дена.

Целта на системот, според ЕУ, е да се подобри безбедноста, да се забрза процесот на проверка на границите и да се намали чекањето на премините.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button