ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕП го усвои Извештајот за Македонија, не помина амандманот за провокативната реторика на Бугарија

Европскиот Парламент вчера ја усвои резолуцијата за Северна Македонија. со која се поздравуваат напорите на земјата во реформите за членство во ЕУ и се охрабруваат Скопје и Софија да изнајдат взаемно прифатливо решение околу спорот поради кој Северна Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ и покрај исполнетите реформи.

Advertisements

Амандманите поднесени од страна на Социјалдемократите и Зелените преку кои се даваше поддршка за конструктивниот однос на Северна Македонија и се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

Изготвувачот на извештајот Илхан Ќучук го поздрави фактот што Северна Македонија продолжи со реформите и покрај пандемијата од Ковид-19.

-Се надевам дека Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат со дијалогот за нерешените билатерални прашања за да постигнат одржлив резултат. Постигнување компромис за акциски план со конкретни мерки, чија имплементација би се проценувала редовно согласно Договорот за пријателство, би го рестартирало процесот и би му овозможило на Советот да ја свика првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, изјави Ќучук.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во обраќањето пред европратениците на дебатата за годишните извештаи за напредокот за земјите од Западниот Балкан, изрази надеж дека сѐ уште е можно првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи за време на португалското претседателство со ЕУ, односно пред 1 јули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button