ВЕСТИРЕГИОН

ЕП ќе расправа за нападот во Бањска, најавена и резолуција за односите меѓу Белград и Приштина

Европскиот парламент (ЕП) денеска треба да одржи вонредна дебата за ситуацијата на северот на Косово, а се очекува на крајот на месецот да биде усвоена и резолуција, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Дебатата е на иницијатива на Алијансата на социјалистите и демократите, која е втора по големина пратеничка група во Европскиот парламент.

Европските социјалдемократи велат дека мора да се утврдат сите факти за нападот, а одговорните да се соочат со правдата.

„На наше барање, ЕП ќе усвои резолуција за Косово и Србија на втората пленарна седница во октомври. Ја осудуваме неодамнешната агресија на вооружена терористичка група врз косовските полицајци. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните извршители мора да се соочат со правдата“, се наведува во соопштението на европските социјалдемократи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button