Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, нема нови суспектни случаи

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје.
Како што потенцираат, нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX.
-ИЈЗ претходните денови објави препораки до граѓаните на веб страната, отвори 2 (две) нови линии за консултации на граѓани и здравствени
работници. Воедно ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции, велат од Институтот.
Од Институтот соопштија дека во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн обука за здраствени работници за следење на протоколите.
Како што појаснуваат, засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок, со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите.