СВЕТ
Ердоган: Дојде време да се стави крај на ерменската окупација на територијата на Азербејџан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека е време да се „стави крај на ерменската окупација на азербејџанските земји“.
„Дојде време да се стави крај на ерменската окупација, време е да се расчистат сметките, во спротивно Ерменија ќе продолжи да постапува самоволно. Таа мора да ја напушти окупираната територија. Секој знае дека станува збор за азербејџанска земја“, рече Ердоган за време на обраќањето во Истанбул.