ВЕСТИСВЕТ

Ердоган со став за руската воена акција врз Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше воените акции на Русија во Украина, велејќи дека тие ги прекршуваат меѓународните закони и претставуваат „тежок удар“ за регионалниот мир и стабилност.

Во денешното обраќање на меѓународниот собир во Анкара, Ердоган рече дека Турција, која ужива блиски врски и со Русија и со Украина, „искрено жали“ што двете земји се соочуваат една со друга.

Претходно Ердоган свика безбедносен состанок за да разговара за ситуацијата во Украина и телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изутрината украинскиот амбасадор во Турција ја повика земјата-членка на НАТО да го затвори својот воздушен простор и да ги затвори теснецот на влезот на Црното Море за руските бродови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button