СПОРТФУДБАЛ

Ердон Даци потпиша и дебитира за екипа во Казахстан

Ердон Даци има нов клуб. По неколкумесечна потрага на нова средина, тој ја најде во Казахстан каде потпиша со екипата на Женис. 26-годишниот центарфор потпиша за Женис на осми март, а еден ден подоцна го имаше официјалното деби во казахстанскиот шампионат.

Advertisements

Даци до потписот со новиот клуб беше слободен три месеци, откако Деинзе прогласи банкрот во декември.

Женис ја отвори новата сезона со две нерешени по две одиграни средби. Даци беше во Белгија во последните четири години, покрај за Деинзе настапуваше и за Вестерло и Беверен, а исто така беше дел и од турски Коњаспор и македонски Вардар.

Даци е и сениорски репрезентативец на Македонија, има еден настап и еден гол во А-тимот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button