СПОРТФУДБАЛ

Ерик Тен Хаг планира да го избрка Варан од „Олд Трафорд“

Манчестер Jунајтед нема најдобар почеток на сезоната и поради тоа се најавува реконструкција на екипата, а многумина ги интересираше односот на тренерот Ерик Тен Хаг и дефанзивецот Рафаел Варан. Англиските медиуми објавија дека британскиот милијардер Џим Ретклиф планира да ги продаде Џејдон Санчо, Ентони и Антони Марсијал, но на листата за отстрел бил и Варан.

Advertisements

Иако тренерот на „ѓаволите“ вели дека нема проблеми со Варан, сепак неговиот план бил да се ослободи од Французинот уште во јануарскиот преоден рок.

„Немам проблем со Варан. Поради тактички причини тој не добива шанса. Минатата сезона играше, а Хари Мегваер беше на клупата. Сега е спротивна ситуацијата“, вели Тен Хаг.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button