СПОРТФУДБАЛ

Ернест Ѓока: Jа заслуживме победата, бидејќи постојано напаѓавме

Ернест Ѓока дебитираше со победа на клупата на Шкупи. Тимот од Чаир оствари драматичен триумф на домашен терен против Тиквеш (3-2), откако постигна победнички погодок во 97. минута од натпреварот.

Advertisements

Сега Шкупи се израмни бодовно со Струга ТЛ на врвот на табелата во Првата лига, во пресрет на последните четири кола од шампионатот.

„Победата дојде во самиот финиш, но мислам дека ја заслужувме затоа што постојано напаѓавме за да дојдеме до неа. Тоа беше тежок натпревар, досега Шкупи не успеваше да го победи Тиквеш оваа сезона. Честитки до фудбалерите за големиот ангажман, а сега веднаш се фокусираме на следниот предизвик“, изјави Ернест Ѓока.

Шкупи во следното коло в среда му гостува на Гостивар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button