СВЕТ
Еруптираше од вулканот Ибу во Индонезија

Вулканот Ибу на островот Халмахера во Индонезија денеска еруптираше околу пет минути, исфрлајќи пепел високо пет километри во воздухот, соопшти индонезискиот центар за вулканологија и геолошки опасности.
Засега не се издадени наредби за евакуација, јавува Ројтерс.
Во сила е третото ниво на предупредување, од вкупно четири, а забранети се сите активности во радиус од пет километри, изјави раководителот на Центарот Хендра Гунаван.