ВЕСТИРЕГИОН

Ескобар: Побаравме одлуката за табличките да се одложи за десет месеци

Специјалниот пратеник на Соединетите држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека побарал од косовскиот претседател Вјоса Османи и од косовскиот премиер Аљбин Курти да ја одложат одлуката за замена на регистарските таблички.

Advertisements

„Не е тајна дека побаравме подолг период на имплементација и побаравме уште 10 месеци. Би сакал ова да се случи. Ова не е барање само на САД, туку и на сите големи пет земји. И тоа е затоа што ние сме земјите кои најмногу го поддржуваат Косово. Сметаме дека е важно кога даваме препораки, луѓето да ги слушаат“, рече Ескобар. Тој додаде дека не добил потврда од Османи и Курти дека ќе го прифатат тоа барање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button