Ескобар: Северна Македонија да се погрижи нејзините закони да бидат усогласени не само со Уставот, туку и со ЕУ

Постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеност на законите, вклучувајќи ги и тие преку Европската Унија, а Северна Македонија треба да се погрижи нејзините законите да бидат усогласени со европските стандарди и очекувања, порача заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со измените во Кривичниот законик.
-Што се однесува до конкретните информации за измените во Кривичниот законик, се што можам да кажам е дека постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеноста на законите, вклчувајќи и преку ЕУ. Тоа би значело дека Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони да не бидат само во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања и стандарди, Вели Ескобар во интервјуто.
На прашањето дали САД се задоволни од борбата против корупцијата во Северна Македонија во контекст на измените во Кривичниот, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност, Ескобар нагласува дека корупцијата е најголем проблем за сите земји од Западен Балкан.