ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ескобар утре доаѓа во Македонија поради закочената промена на Уставот

Заменик-помошникот американски државен секретар Габриел Ескобар доаѓа во Скопје. Утре и задутре ќе одржи средби со шефот на државата, Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Но, на агендата е и средба со лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски. Посетата на Ескобар доаѓа во време кога политичките тензии се високи, особено откако власта не собра барем 80 гласови во Парламентот за да се отвори процедурата за промена на Уставот за влез и на Бугарите во него. Во мај, високиот американски функционер повика опозицијата да ги поддржи уставните измени за да го поддржи европскиот пат на земјава.

Advertisements

„Наша најголема грижа е што губиме време. Не очекуваме опозицијата да го поддржи премиерот. Она што сакам да го слушнам од опозицијата е посветеноста на евроатлантскиот пат и тоа вклучува разгледување на можноста како Северна Македонија ќе дојде до одржување на втората меѓувладина конференција. Јас би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме држава која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор кој мислам дека го заслужува“, велеше во мај годинава Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на САД.

Во меѓувреме, во дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на американскиот Конгрес минатиот месец, Ескобар нагласи дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни промени кои ќе овозможат членство на Македонија во ЕУ, но оти се ангажира и со Бугарија, односно тамошната нова влада за да се осигура дека нема да поставува нови барања. Минатиот петок мнозинството во Собранието успеа да го изгласа само дневниот ред со 70 гласа за и 47 против, но кога беа исцрпени говорите на 9-тте пратеници, потребата од уставни измени не беше ставена на гласање. Наместо тоа, Талат Џафери, ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи кога ќе се создадат услови за гласање.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button