
Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за апсењето на припадниците на косовската полиција денеска изјави оти САД и КФОР ќе ја чекаат истрагата. Дури потоа ќе носат заклучоци, рече тој на средба со новинари од регионот. Ако ја преминале границата и влегле во Србија, јасно е дека немале намера да бидат во Србија и затоа треба да бидат пуштени, рече тој. „Другата можност е да биле киднапирани во Косово и префрлени во Србија“.
Во однос на забраната за влез на стоки од Србија Ескобар коментираше дека станува збор за неевропско однесување што треба да запре зашто нема законска основа за тоа. Зборувајќи за Заедницата на српски општини, тој ја отфрли можноста Приштина преку референдум да носи одлука дали да ја формира или не. „Со одбивањето на легално обврзувачки меѓународни договори, Косово го одбива европскиот пат“, изјави Ескобар.