ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ЕСМ го презема управувањето со БЕГ, Бектеши најави дека греење ќе има до 1 часот по полноќ

Откако Владата вчера на седница го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, од денеска управувањето со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) треба да биде во рацете на АД „Електрани на Северна Македонија“ (АД ЕСМ).

Advertisements

Министерот за економија Крешник Бектеши во пресрет на управувањето со БЕГ вчера уверуваше и дека затоплувањето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење.

„Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба во делот на топлинската енергија, дополнително ќе вбризгуваме средства во ЕСМ. Од утре ЕСМ ќе управува со ‘БЕГ снабдување’, ‘БЕГ дистрибуција’ и ‘БЕГ производство’ со цел граѓаните на Град Скопје во континуитет и сигурно да бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона“, изјави вчера Бектеши.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button