
Од денеска ЕСМ го презема работењето на БЕГ и Топлифкација Скопје Север. Ова се предвидува со кризната состојба на пазарот со топлинска енергија која ја прогласи Владата. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека нема точна пресметка колку пари ќе чини оваа криза.
„Сѐ ќе зависи од тоа како ќе се движат берзанските цени на гасот. Засега предвидени се 6 милиони евра за покривање на трошоците на снабдувачите со топлинска енергија“, изјави министерот Бектеши кој сепак уверува дека доколку се потребни повеќе пари имало доволно средства во буџетот. Според него, нема да има проблеми до крајот на грејната сезона.