ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ЕСМ ќе го преземе управувањето со Скопје-Север

Решен е проблемот со топланата Скопје-Север, соопштија од дирекцијата на ова акционерско друштво. Денеска Одборот на доверители му дал зелено светло на директорот Богољуб Макревски, кој е водач на стечајната постапка на компанијата, да потпише техничко-деловна соработка со ЕСМ.

Advertisements

„Имаме депонирано 1 милион денари како гаранција на добавувачите на природен гас во земјава, така што најдоцна до утре ќе биде пуштен гас во нашиот котелски систем за производство и транспорт на топлинска енергија до граѓаните“, наведуваат од А. Д. „Топлана Скопје-Север“.

Премиерот Ковачевски рече дека во текот на денот ќе се официјализира договорот за преминување на Топланата од приватно во државно управување, поточно на ЕСМ.

Скопје – север има потрошувачки долг од 1 милион евра. Од ЕСМ велат дека потрошувачите ќе треба да потпишат договори.

Износот на сметките за топлинска енергија за потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе биде иста како оние од август и септември, бидејќи разликата ќе ја субвенционира државата порди кризата.

„Во периодот октомври-април во сезоната кога се дистрибуира топлинската енергија, цената на ангажираната моќност и топлинската енергија испорачана до домаќинствата се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија преку АД ЕСМ со одлука на Владата, со цел да се гарантира сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба“, велат од ЕСМ.

Од друга страна, ЕСМ ги информира скопјани дека снабдувањето со топлинска енергија се одвива без проблеми и дека ќе продолжи со непречено снабдување на топланите Исток и Запад. За месец декември природен гас е обезбеден од Макпетрол Пром-Гас, а топлинска енергија од ТЕ-ТО. Од ЕСМ велат дека ја спроведуваат практиката за набавка на природен гас во пократки временски периоди поради подобри финансиски услови, со оглед на намалувањето на цената на гасот на светските берзи.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button