ЕКОНОМИЈА

ЕСМ се мисли за цената на струјата, ќе плаќаат ли домаќинствата повеќе?

ЕВН Хоум денеска го продолжи тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата. Тендерот сега ќе трае до 2 декември 2021 година, а причина за продолжувањето е што државната компанија за производство на струја, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), најави дека до 25 овој месец нема да може да достави понуда. Согласно Законот за енергетика, ЕСМ е должен да понуди најмалку 60 отсто од потребите на универзалниот снабдувач.

Advertisements

Според информациите, од ЕСМ нема да можат да достават понуда бидејќи не се знае колку електрична енергија ќе произведе компанијата, бидејќи нема доволно јаглен и дури сега го набавува, а колку ќе треба да увезе. Од соодносот на домашно произведена електрична енергија и увезена ќе зависи колку ќе се зголеми цената на струјата за граѓаните од наредната година.

Владата претходно за Алсат најави дека поскапувањето за домаќинствата ќе биде од осум до девет насто, но тоа сепак ќе зависи по која цена ќе се набави јаглен, но и по која цена и колку ќе се увезе струјата од странство. Дека цената на струјата за домаќинствата треба да поскапи го посочи и првиот човек на Европската енергетска заедница, Јанез Копач.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button