
Aмериканската телевизија „ЕСПН“ во својата традиционална годишна анкета го прогласи Лука Дончиќ за најдобар играч во сезоната.
Во конкуренција за ова признание беа уште: Никола Јокиќ, Џејстон Тејтум и Шеј Гилуџ-Александер. Дончиќ го предводеше Далас до НБА финалето каде што Бостон лесно ја доби серијата. Словенечкиот репрезентативец во плеј-офот имаше просек од 28.9 поени. 9 скокови и 8.1 скокови по натпревар.
Претходни добитници на признаниет на „ЕСПН“ беа, Јанис Адетокумбо (2019), Стеф Кери (2021,2022) и Никола Јокиќ кој беше најдобар во претходната сезона.