
Сончевите денови, особено во пладневните паузи, се идеални за кафе. Но, пиењето кафе во Скопје стана луксуз. Граѓаните се жалат дека веќе не се исплаќа да нарачаат кафе од угостителски објекти. Во центарот на главниот град едно еспресо чини 90 денари, а ако нарачате и флаширана вода, тогаш треба да платите 110 денари. Газиран пијалок чини 150 денари, сок од портокал 180 денари.
Ако сакате да се напиете кафе во центарот на Скопје, тоа е како да пиете кафе во некоја од европските метрополи. Не според квалитет или место, туку според цената. На пример, денес на улица Македонија, едно од најпосетените места во земјава, кафе за четири лица чини 720 денари.
Угостителите велат дека по пандемијата цените се зголемија исто како и кај сите останати бизниси, бидејќи е покачена киријата, платата за работниците, производите, транспортот на стоки и електричната енергија. Од Независната комора на угостители велат дека секој не треба секој да го поминува слободното време во кафуле, и дека имало луѓе кои со едно еспресо со часови држеле маса во локалите.
Според платформата “Нумеро“, трошоците за живот во Скопје имаат индекс 38, што во споредба со останатите балканските главни градови е меѓу најскапите, иако месечните примања не се на врвот.. Месечните трошоци за четиричлено семејство изнесуваат 108.342 денари без кирија, а за едно лице изнесуваат 31.826 денари, се вели во проценките на оваа платформа, која, меѓу другото, го мери и квалитетот на животот и покажува дека во Македонија една третина од приходот се троши за храна.
Аднан Ќаили