ВЕСТИСВЕТ

Жестоки судири меѓу приврзаниците на Трамп и припадници на „Антифа“

Во Олимпија, главниот град на сојузната држава Вашингтон, избувнаа судири меѓу приврзаниците на сегашниот американски претседател Доналд Трамп и членовите на Антифа, левичарско движење.

– Едната група се идентификувала како ‘Патриотска молитва’, а другата одбила да се легитимира, но носела препознатливи симболи – изјавил претставникот на државната полиција, Дарен Рајт, објави локалниот дневен весник „Олимпијан“.

Групата „Патриотска молитва“ е ултрадесничарска организација од Ванкувер, која организира чести протести во Портланд, додека Антифа е широко антифашистичко движење кое ги обединува сите противници на расизмот, нацизмот и белиот национализам во САД.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа како приврзаниците на Трамп ги удираат членовите на Антифа со американски знамиња, пријавено е пукање, а снимките јасно покажуваат дека некои од учесниците во конфликтот држеле огнено оружје во рацете.

Полицијата соопшти дека уапсила член на Антифа, кој е осомничен дека физички нападнал демонстрант на Патриотската молитва.

За време на конфликтот, група маскирани демонстранти фрлиле солзавец, но по интервенцијата на полицијата, ситуацијата се смирила.

Сепак, припадниците на безбедносните сили останале на улиците на Олимпија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button