ЕЦБ утре повторно ги крева каматите

Креаторите на политиката на Европската централна банка сè уште се наклонети кон зголемување на референтната каматна стапка за половина процентен поен, и покрај превирањата во банкарскиот сектор, бидејќи се уште очекуваат инфлацијата да остане висока во наредниот период, изјави за Ројтерс извор запознаен со случувањата во ЕЦБ.
Инвеститорите почнаа да се сомневаат во посветеноста на ЕЦБ за уште едно големо зголемување на каматните стапки оваа недела, по падот на банката во Силиконската долина (SVB) во САД, што предизвика бранови низ глобалните финансиски пазари.
Извор близок до Управниот совет на ЕЦБ изјави за Ројтерс дека ЕЦБ веројатно нема да се откаже од својот план да ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени на 16 март – потег што беше објавен на последниот состанок и неколкупати повторен од претседателката Кристин Лагард и нејзините колеги – бидејќи тоа би го нарушило нејзиниот кредибилитет.
Фјучерсите на германските државни обврзници, мерило за силата на еврозоната, паднаа по извештајот на Ројтерс, а еврото порасна во однос на британската фунта.
Изворот додаде дека формалните предлози за состанокот сè уште не се споделени, но креаторите на политиката ги виделе новите квартални проекции.