Климатски ПромениСВЕТ

ЕУ: 2024 година речиси сигурно ќе биде најтоплата година досега

Европската унија денеска објави дека е речиси сигурно дека 2024 година ќе биде најтоплата година досега, надминувајќи ја 2023 година, која моментално е најтоплата година досега откако се одржуваат мерењата.

Оваа информација ЕУ ја објави во пресрет на претстојниот самит за климата на COP29 на Обединетите нации во Азербејџан, каде земјите ќе се обидат да постигнат договор за зголемување на финансирањето за борбата против климатските промени, пренесе Ројтерс.

Податоците од Европската служба за климатски промени Коперник (C3S) покажуваат дека глобалната просечна температура од јануари до октомври оваа година била толку висока што 2024 година е речиси сигурно на пат да стане најтоплата година досега, освен ако температурите драстично не се намалат во вториот дел од година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button