ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ денеска нема да донесе одлука за преговарачката рамка со С. Македонија

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска виртуелно ќе го одржат долгоочекуваниот Совет за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешниот состанок е речиси извесно дека Бугарија ќе ја блокира преговарачката рамка за Северна Македонија поради билатералните несогласувања, додека од страна на германското претседателство, со помош на Европската Комисија, сѐ уште се водат напори за надминување на разликите до крајот на оваа година.

Од Советот се минимизира фактот што нема да се донесе одлука денеска упатувајќи на фактот дека состанокот не е физички, како и мартовскиот министерски состанок на кој се донесе одлуката за отпочнување на преговорите со Скопје и Тирана беше виртуелен, што само малку го одложи процесот поради бирократските процедури, но не го спречи носењето на одлуката.

Дипломатите во Брисел се свесни дека Софија засега нема намера да попушти за барањето да се вметне билатералниот спор во ЕУ процесот со Северна Македонија, барање кое е неприфатливо за другите земји членки на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button