МАКЕДОНИЈА

ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош за македонската Армија

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Северна Македонија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел.

Advertisements

– Денеска се согласивме да и обезбедиме на Северна Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во врска со одлуката високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Таа додаде дека овие средства ќе бидат искористени за набавка на различна опрема – од онаа намената за прибирање разузнавачки информации и за надзор, до онаа за потребите на борбената обука.

– Нашата поддршка ќе и помогне на Северна Македонија да придонесе кон регионалната стабилност и безбедност, што е важно не само за Западниот Балкан, туку и за ЕУ, наведе Калас.

Според неа, со поддршката за земјава наменета за спречување конфликти и за зајакнување на регионалната стабилност, Унијата покажува дека „целосно ја поддржува Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ“.

–  Со нетрпение го очекувам мојата прва посета следниот месец за дополнително да разговараме за нашата заедничка агенда, додаде Калас во изјавата.

Како што соопшти Советот на ЕУ, со денешната и со билатералните пакети за поддршка во 2023 и 2024 година, вкупната помош од Унијата за земјава во рамки на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) достигна 38 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button