
Дистрибутивната мрежа за пренос на електрична енергија ќе треба да се реконструира – во спротивно нема да може без прекини да ја испорачува струја произведена од обновливите извори на енергија. Во следните три години сегашната мрежа ќе има капацитет да ја апсорбира целата произведена струја вели вицепремиерот Фатмир Битиќи. Енергетските компании веќе започнале со анализи каде ќе треба мрежата да се надградува.
„Имаме дадено проектна задача и на МЕПСО и на другите компании да веќе влезат во креирање на нови планови за да се искористи можноста не само се нуди од поставување на нови капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија туку и за трансфер на електрична енергија. Треба да бидеме спремни што после три години да се прилогодиме само да не останеме неми, во смисла да кажеме зошто да инвестираме во нова мрежа која сега ја немаме“, рече Битиќи.
За надминување на енергетската криза државата до крајот на годината ќе треба да ги реализира највените планови за зелена транзиција вели заменик шефот на Делегацијата на Европската унија Џулијан Васало.
„Енергетската криза не е завршена и ќе има нова криза, сега е време за спроведување на реформите во енергетскиот сектор, да се финализираат плановите за енергетската транзиција и до крајот на годинава државата да ја превземе легислативата за енергетска ефисност“, рече Џулијан Васало, Заменик шеф на Делегацијата на Европската унија.
На шестиот по ред Енергетски форум говорниците порачаа дека покрај инвестициите во обновливи извори на енергија, потребно е енергетско поврзување со соседните земји и диверзификацијата на снабдувањето со природен гас.
Андреа Чобанова