ВЕСТИСВЕТ

ЕУ ги менува правилата за издавање возачки дозволи

Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент рано изутринава постигнаа договор за ажурирање на Директивата за возачки дозволи, со што, меѓу другото, се воведуваат „мобилни дозволи“, нови минималните барања поврзани со способноста на возачите, пробен период за новите возачи и возење со придружба за професионалните возачи почетници.

Advertisements

Со измените се предвидува воспоставување единствена мобилна возачка дозвола на ниво на ЕУ до крајот на 2030 година, која ќе функционира паралелно со класичните физички дозволи. И двата типа дозволи за управување на автомобили или мотоцикли ќе важат 15 години од датумот на издавање, освен ако се користат и како лична карта, кога ќе имаат важност од 10 години, а дозволите за возење камиони и автобуси ќе треба да се обновуваат на секои пет години. Одделно, секоја земја членка на ЕУ има право да ја скрати важноста на возачките дозволи за лица постари од 65 години.

Дополнително се усогласуваат и процесите за медицински скрининг што се применуваат во земјите членки при издавање или продолжување дозволи, кои ќе вклучуваат и задолжителен кардиоваскуларен преглед.

Се воспоставува и пробен период за возачите почетници од најмалку две години, во кој за нив ќе важат построги правила и санкции за возење под дејство на алкохол или дрога.

За справување со проблемот со недостиг на професионални возачи се намалува старосната граница за стекнување дозвола за управување на камиони од 21 на 18 години, а на автобуси од 24 на 21 година, со тоа што лицето мора да има „сертификат за професионална компетентност“. Со измените се овозможува и издавање дозволи за возење на камиони или комбиња и на лица со навршени 17 години, но до постигнувањато на потребна старосната граница за управување со таков тип возила тие ќе мора да бидат придружувани од искусен возач.

Исто така, се поедноставува и процедурата за добивање возачка дозвола за автомобили за европските државјани кои не живеат во нивната матична земја членка на ЕУ.

Како дел од мерките за поголема безбедност во сообраќајот, се воведуваат нови барања за подобра подготвеност на возачите, како познавања за безбедното користење на мобилен телефон при возење, за ризиците од слепата точка, за безбедното отворање на вратите или за возењето по снег и во лизгави услови, како и „развој на доволна свест за ризикот по пешаците, децата, велосипедистите и другите ранливи учесници во сообраќајот“.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button