РЕГИОН

ЕУ ги повикува политичарите во БиХ да се однесуваат поодговорно

Босна и Херцеговина сè уште има можност да напредува на патот кон членство во Европската унија, а дали ќе успее во тоа е исклучиво прашање на волјата на нејзините политичари за соработка, изјави генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и Проширување во Европската комисија, Герт-Јан Купман.

Advertisements

Тој беше во дводневна посета на БиХ во обид да ги убеди политичарите во таа земја дека мора да постигнат компромиси и да го продолжат европскиот пат што беше блокиран од март, кога Европскиот совет официјално го одобри отворањето на пристапните преговори под услов на донесување дополнителни реформски закони.

Сепак, ниту еден од бараните закони досега не е усвоен од парламентот на БиХ, а во таа земја не можеа да се договорат за програмата за реформи неопходни за пристап до фондот од шест милијарди евра обезбеден преку Планот за раст на Западен Балкан.

За време на одвоените состаноци со политичарите во Сараево, Купман повика да не се пропушти оваа можност, потврди во вторникот делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

„Тој ги повика носителите на одлуки да се договорат за нерешените прашања што ги спречија локалните власти да ја финализираат реформската агенда, што на крајот ќе и овозможи на Босна и Херцеговина да добие средства од инструментот за реформи и раст од Планот за раст“, ​​се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button