СВЕТ

ЕУ ги замрзна царините за САД за 90 дена: „Да им дадеме шанса на преговорите“

Европската Унија одлучи да го одложи за 90 дена спроведување на контрамерките, наменети како одговор на царините на САД. Со тоа ЕУ дава простор за преговори.

Advertisements

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека одлуката е донесена со цел да се даде шанса за разговори со Вашингтон, нагласувајќи дека подготовките за понатамошни мерки се во тек.

„Додека го финализиравме усвојувањето на европските контрамерки, кои добија широка поддршка од земјите-членки, одлучивме да ги суспендираме за 90 дена”, рече Фон дер Лајен. „Ако преговорите не успеат, контрамерките ќе бидат спроведени. Во исто време, подготвителната работа продолжува за дополнителни мерки” порачаа таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button