ЕУ и ја честиташе победата на Санду на изборите во Молдавија

Европската Унија срдечно и честита на Маја Санду за нејзиниот реизбор за втор мандат како претседател на Молдавија, се наведува во заедничката писмена на изјава на Европската комисија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по повод вториот круг од претседателските избори во оваа поранешна советска република.
„Им честитаме на молдавските власти за успешното спроведување на изборите и покрај мешањето на Русија без преседан, вклучително и со купување гласови и ширење дезинформации. Овие хибридни активности беа обид за поткопување на демократските институции на земјата и на нејзиниот пат кон ЕУ“, се потенцира во изјавата.
Европската Унија нагласува дека ја поддржува безбедноста и отпорноста на Молдавија, вклучително и преку Европскиот мировен фонд и Партнерската мисија на Европската Унија, додавајќи дека државата беше првата земја што склучи партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ.