ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ и САД против прекројување на границите на Западен Балкан

Европската унија и Соединетите држави ја отфрлија идејата за прекројување на границите на Западен Балкан како одговор на неофицијалниот предлог за распаѓање на Босна и Херцеговина и спојување на Косово со Албанија.

Advertisements

Документ, кој циркулираше меѓу официјалните претставници на ЕУ, предлага вклучување делови на Босна во Србија и Хрватска, за да се помогне интеграцијата на регионот во ЕУ, јавува новинската агенција Ројтерс, која наведува дека го видела документот, но не може да ја потврди неговата автентичност.

„Апсолутно не сме за какви било промени во границите“, рече портпаролот на Европската комисија Ерик Мамер на прес-конференција. Соединетите држави исто така го отфрлија предлогот, предупредувајќи дека поместувањето на границите ризикува влошување на тензиите во регионот.

„Неодамнешните неоправдани шпекулации за промена на границите на Балканот по етничка линија ризикуваат поттикнување на нестабилност во регионот и будат сеќавања на минатите тензии“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button