ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ интеграција, Бомгартнер: Нема рокови, но ќе направиме напори да постигнеме напредок

Амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, при откривањето на приоритетите на Франција за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, рече дека Франција ќе има конструктивен пристап во овој поглед.

„Во однос на проширувањето и членството на Република Северна Македонија, за оваа тема нема конкретен рок, бидејќи овој рок зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум, но постојано ќе се придружува земјата со француското претседателство и со трите други засегнати институции за да може работите конструктивно да напредуваат и во добра насока, за да може, колку што е можно побрзо и во текот на француското претседателство да се постигне значителен напредок“, изјави  Бомгартнер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button