СВЕТ

ЕУ изрази загриженост за кршењето на примирјето во Нагорно Карабах

Еврокомесарот за надворешни работи Жозеп Борел изрази „екстремна загриженост“ во врска со кршењето на ерменско-азербејџанскиот прекин на огнот во конфликтот во Нагорно Карабах. „Со крајна загриженост примаме извештаи за продолжување на воените активности, особено против цивилни цели, со цивилни жртви“, наведе Борел во писмената изјава. Тој додаде дека 27-те земји-членки на ЕУ „бараат сите страни на теренот да го почитуваат договорот за прекин на огнот“. Борел исто така побара од конфликтните страни „веднаш да започнат вистински преговори“ под покровителство на Русија, Франција и САД.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button