ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ ја одби бугарската декларација за Северна Македонија

Советот на ЕУ ја одбил бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Северна Македонија“. Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Северна Македонија, но министрите го одбиле тоа барање.

Advertisements

Дел од медиумите во Бугарија вчера објавија дека бугарската декларација била прифатена, но според заклучоците на Советот во кои имал увид Дојче веле тоа не е случај. Бугарските медиуми се повикуваат на заклучокот за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ кој е наведен во точката 12 од заклучоците, и кој се однесува на сите земји од регионот на Западниот Балкан.

Во изјава за ДВ, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. – Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји, вели Маричиќ.

Вицепремиерот појаснува дека заклучоците на советот „само потсетуваат на претходните заклучоци“ донесени во јули годинава од летово „и сѐ останато е поддршка за нашата позиција и и продолжување на пристапните преговори“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button