ЕУ ќе пумпа екстра-пари за да го средува Западен Балкан

Европската унија ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да уживаат во некои од придобивките на Унијата без сè уште да станат полноправни членки. Претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен презентираше план со четири главни точки како би се постигнало тоа, додавајќи дека не е доволно ЕУ само да очекува од балканските држави да ги исполнат своите задачи за членство, туку е неопходно да се преземат мерки за да ги приближи што е можно поблиску до ЕУ.
„Подготвени сме да го поддржиме Западен Балкан со зголемување на претпристапните фондови. Мислам дека ова дефинитивно треба да се направи. Има итна потреба од инвестиции во Западен Балкан, а овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето и ќе го олеснат патот кон ЕУ. Поради тоа, мора да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан. Мислам дека овој план од четири точки е вистинската понуда за Западен Балкан во тешки времиња“, рече Фон дер Лејен.
Но, Дер Лајен додаде дека земјите од Западен Балкан ќе мора да ги забрзаат реформите за да може да ги добијат овие пари. Таа ја спомена и важноста на борбата против корупцијата и независното судство.
„Сакаме однапред да им понудиме на земјите од Европската унија некои од придобивките од членството. Но, секако тоа значи и дека дел од условите за членство мора да се спроведат. Некои од реформите кои се дел од преговарачкиот процес се клучот за довербата на инвеститорите. Размислете за градење независно и ефикасно судство, зајакнување на борбата против корупцијата или на енергетскиот пазар“, додава Фон дел Лејен.
Европската унија го зголеми својот фокус на земјите од Западен Балкан поради стравот од руско влијание. Фон дер Лајен денеска додаде дека руската инвазија на Украина го освестила Брисел дека не е доволно само да се отворат вратите за членство, туку да се помогне во процесот. Проширувањето на ЕУ стагнира откако Хрватска се приклучи пред една деценија. Од Западен Балкан, Косово е единствената земја која нема ни статус на земја кандидат.
Ардит Рамадани