
Европската унија не го признава Александар Лукашенко за легитимен претседател на Белорусија, а ЕУ смета дека изборите, кои се одржаа во Белорусија во август, биле наместени, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој додаде дека новите претседателски избори под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) може да бидат најдобро решение за кризата во земјата.
Бореj рече дека ЕУ ги разгледува односите со Белорусија, анализирајќи ги секторите во кои треба да се замрзнат односите.