ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ не штеди критики, не се спроведуваат изборните реформи во земјава

Европската комисија не штеди критики на сметка на земјава за неспроведување на изборните реформи, како што тоа го правеше во секој извештај изминатите години. Во новиот европски извештај се нагласува неспроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои главно се однесуваат на потребата од целосно нов изборен законик. Од Алијанса за Албанците велат дека и покрај кризите во кои се наоѓа државата, надлежните институции мора да продолжат со спроведување на изборните реформи.

Advertisements

„За жал, немаме унифициран однос на политичките субјекти затоа што приоритет им се дава на актуелните партиски интереси и за жал од тие причини не е на дневен ред. Ставот на Алијанса за Албанците е целосно во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, а имаме и свои предлози. Алијанса за Албанците предложи и инсистира да има изборен систем со осум изборни единици и отворени листи“, рече Елми Азири, Алијанса за Албанците.

Според Алијанса, тоа ќе обезбеди квалитет на застапеност, демократизација на политичките партии и зголемување на тежината на застапеноста во сите изборни зони. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се подготвени да преговараат, но во моментов нема конкретен план како тоа ќе се одвива.

Нов изборен законик со месеци ветуваше и министерот за правда. Партиите треба да седнат да преговараат за модалитетите, но досега не е одржана средба во рамките на оваа иницијатива. Ова ветување датира со месеци.

Освен иницијативата за нов изборен законик, неколкупати внатре и надвор од Собранието се отвора дебата за промена на бројот на изборни единици, отворени листите и спроведување на препораките на ОДИХР, но никогаш не се постигнт политички консензус за овие прашања.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button