ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„ЕУ Обзервер“: Бугарија носи „историски багаж“ на масата на ЕУ

Бриселскиот веб сајт „ЕУ Обзервер“ денеска објави напис во врска со бугарското вето кон официјалниот почеток на преговори со Северна Македонија, оценувајќи дека Бугарија носи „историски багаж“ на масата на ЕУ.

Advertisements

-Требаше да биде техникалија, но се претвори во ново фијаско на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, вмешувајќи ги во тоа Хитлер, Сталин и Тито. Денешните разговори ќе се соочат со ново бугарско вето, што го базираат, како што кажа еден висок ЕУ дипломат, врз овој „историски багаж“, пишува „ЕУ Обзервер“.

Потсетува дека 27-те министри за надворешни работи на ЕУ, кои ќе се состанат преку видео врска денеска и под германското претседателство со ЕУ, требаше да дадат знак за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

-Тоа требаше да се случи по долгото одложување поради грчкото вето кое заврши во 2018 година, кога Скопје го смени името на својата земја за да ја задоволи Атина. Тоа требаше да се случи по француското вето во 2019 година, кога земјите од ЕУ го сменија начинот на проширување за да го задоволат Париз. Наместо тоа, ќе има ново бугарско вето базирано на историски багаж, пишува „ЕУ Обзервер“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button