РЕГИОН
ЕУ очекува кредибилни избори во Косово

Останаа уште неколку дена пред предвремените парламентарни избори во Косово, додека од Европската Унија велат дека очекуваат кредибилен, сеопфатен и транспарентен процес. Амбасадорот на ЕУ на Косово, Томаж Шуњјог рече дека веднаш по изборите, треба да се формира влада за да се пренесат државните одговорности.
„Како што се приближува датумот на избори, очекуваме избори во согласност со најдобрите стандарди. Од суштинско значење е пост – изборниот период брзо да донесе нови институции, особено формирањето на Владата со цел веднаш да се пренесат одговорностите“, рече амбасадорот на ЕУ на Косово. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат во недела на 14 – ти февруари.