СВЕТ
ЕУ одобри создавање фонд за одбрана од 150 милијарди евра

Европските министри денес го одобрија создавањето на фонд за одбрана од 150 милијарди евра, поради загриженоста за иден руски напад и сомнежите во врска со безбедносните обврски на САД кон ЕУ.
Одобрувањето на министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување од ЕУ и ќе доделува заеми на европските земји за заеднички одбранбени проекти, објави Ројтерс.
Европската комисија го предложи фондот во март, бидејќи меѓу европските лидери растеа стравувањата и сомневањата дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да застане во одбрана на Европа во случај на потенцијален напад.