СВЕТ

ЕУ отворено ја изразува својата загриженост за односите со САД по реизборот на Доналд Трамп за претседател

ЕУ отворено ја изразува својата загриженост за односите со САД по реизборот на Доналд Трамп за претседател

Односите ЕУ-САД, сега кога Доналд Трамп е реизбран за претседател, повторно зазедоа добар дел од просторот за дискусија во Европскиот политички комитет во Будимпешта, на вториот ден од самитот. Домаќинот на самитот, унгарскиот премиер Виктор Орбан, изрази уверување дека Трамп има моќ да стави крај на војната во Украина.

Advertisements

„Ситуацијата на фронтот е очигледна, имаше воен пораз. Американците ќе се повлечат од оваа војна, нема да поттикнуваат војна и нема да кажат дека војната е добра работа. Луѓето кажуваат многу работи за Трамп, вклучително и луѓе кои не го сакаат, но има една работа во која никој не се сомнева, тој не започнува војни“, рече Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

ЕУ сега оди кон тоа дека треба да се фокусира назајакнување на безбедноста и економијата.

„Единствениот рецепт е европското единство. Единствениот рецепт за Европа да опстане е да биде пообединета и да изгради посилна Европа, суверена Европа способна да се соочи со светските предизвици без да се потпира на некој друг, посебно за безбедноста. Мораме да ја обезбедиме нашата безбедност, секако во соработка со НАТО, но и со градење повеќе капацитети“, рече Јозеп Борел, шеф на дипломатијата на ЕУ.

„Една работа што ја слушнавме постојано вчера е дека Европа треба да се врати на брзиот раст. За нас конкуренцијата не е само збор. Треба да се фокусираме на економскиот раст и економскиот раст значи повеќе работни места, повеќе обрт. Ако ви дадам статистика, економските аналитичари велат дека ако ја имавме истата стапка на раст како САД од почетокот на векот, ќе имавме 11 милиони повеќе работни места“, нагласи Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент.

Околу 50 европски лидери ги преиспитаа трансатлантските односи на специјалниот самит во Будимпешта, надевајќи се дека второто претседателствување на Доналд Трамп ќе ги избегне судирите и политичките замки од неговиот прв мандат./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button