ВЕСТИРЕГИОН

ЕУ повика на целосно функционирање на властите во БиХ

Делегацијата на Европската комисија во Босна и Херцеговина повика на целосно функционирање на властите на сите нивоа – државно, ентитетско и кантонско во оваа земја, нагласувајќи дека тоа е предуслов за напредок на патот кон Европската унија (ЕУ).

Повикот на делегацијата на Европската комисија во БиХ доаѓа еден ден откако високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, на 27 април наложи измени во Уставот на Федерацијата БиХ, кои треба да го олеснат формирањето на Владата на Федерацијата, како и кривичните закони во БиХ кои треба да спречат изборни измами.

Шмит најпрвин донесе привремена одлука која ќе важи само за овој изборен циклус, за да овозможи формирање нова ентитетска влада на Федерацијата Босна и Херцеговина, речиси седум месеци по изборите одржани во октомври минатата година.

„Политичките лидери на Босна и Херцеговина треба да покажат поголем ангажман и одговорност во земјата. ЕУ ги повикува да обезбедат целосно функционална ентитетна влада во Федерацијата на Босна и Херцеговина по два изборни циклуси и четири и пол години работа во техничкиот мандат“, се вели во соопштението на Делегацијата на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button