ВЕСТИСВЕТ

ЕУ ризикува масовна миграција од Западен Балкан, предупредува еврокомесарот Вархеји

Граѓаните на Западен Балкан може да ја предизвикаат следната мигрантска криза, доколку Европа дозволи да пропаднат ветувањата за проширување, оценува еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и ја повикува ЕУ да ја засили соработката со земјите од Западен Балкан.

Во интервју за „Маѓар немзет“, Вархеји рече дека авганистанската криза покажала колку се сериозни последиците ако нема цврстина и конзистентност во геополитичките одлуки, пренесува „ЕУ опсервер“.

„Мора да ги исполниме ветувањата за Западен Балкан. За мене тоа е една од најважните лекции од ситуацијата во Авганистан“, рече Вархеји.

Ајде да замислиме што ќе се случи ако процесот на пристапување на нашите партнери од Западен Балкан уште повеќе се пролонгира и, од некоја геополитичка причина, она ​​што го ветивме не се случи на крајот, вели Вархеји.

Тој додаде дека географски, Западен Балкан е многу поблиску до Европа отколку Авганистан, што значи дека интеграцијата на тој регион мора да биде европски приоритет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button