СВЕТ

ЕУ свика вонреден самит за Украина

Земјите членки на Европската Унија, на вонреден самит в четврток, треба да ја потврдат својата решеност да продолжат да ѝ помагаат на Украина онолку колку што е потребно, се вели во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, објави агенцијата Хина.

„Европскиот совет потсетува на своите претходни заклучоци и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да продолжи со обезбедување силна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка за Украина и нејзиниот народ онолку долго колку што е потребно“, се вели во нацрт-заклучоците до кои Хина имала пристап.

Нацртот, исто така, ја наведува решеноста на ЕУ и земјите членки да обезбедат „навремена, предвидлива и одржлива воена поддршка за Украина, особено преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ) и преку Мисијата за воена помош на ЕУ, како и преку директна билатерална помош на земјите членки, во согласност со потребите на Украина.“ Во текстот се спомнуваат и дополнителни пет милијарди евра воена помош за Украина преку Европскиот мировен инструмент, но оваа сума сè уште е предмет на промена.

Документот, исто така, ја повторува итната потреба да се забрза испораката на муниција и проектили. ЕУ вети дека ќе ѝ испорачува на Украина по еден милион парчиња артилериска муниција годишно, но се уште е далеку од таа цел.

Лидерите на земјите членки ќе се сретнат во четврток на вонреден самит во Брисел, каде главни теми ќе бидат прегледот на седумгодишниот буџет, кој вклучува пакет помош од 50 милијарди евра за следните четири години, воена помош за Украина и ситуацијата на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button