
Првата фаза од продажбата на влезници за Европското првенство во 2024 година што ќе се одржи во Германија, почнува утре во 14 часот со апликации за 1,2 милиони билети.
Секој навивач ќе може да аплицира за максимум четири влезници до 26 октомври кога со ждрепка ќе биде одлучено кој ќе може да ги купи. Цените на билетите се движат од 30 евра за натпреварите во групната фаза до 1.000 евра за финалето во Берлин.
Ждрепката за групите на Европското првенство ќе се одржи на 2 декември во Хамбург, а континенталниот шампионат е закажан за периодот од 14 јуни до 14 јули 2024 година. Актуелен првак е Италија, но уште е неизвесно дали оваа репрезентација ќе успее да се пласира на првенството.