
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува последниот домашен натпревар од Лигата на шампионите, против Дански Алборг. Средбата во „Боро Чурлевски“ се очекува да се одигра пред полни трибини, а македонскиот првак сè уште е во потрата по првите бодови во групата.
За натпреварот против данскиот гигант тренерот Бранислав Ангеловски не можеше да смета на словенечкиот бек Домен Тајник поради болест. Покрај тоа, од составот изостанаа Калифа Гедбан, Цветан Кузманоски и Павле Атанасијевиќ. Од друга страна, во таборот на Алборг тренерот Мадсен го нема на располагање само Антонсон.
Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натреварите од тринаесеттото коло во Лигата на шампионите. Еурофарм Пелистер игра на домашен терен против составот на Алборг, а судиите доаѓаат од Словачка. Станува збор за Андреј Буџак и Михал Захрадник, додека делегат на средбата во Битола ќе биде Дилмен од Турција.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се игра в среда во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.