ЕКОНОМИЈА

„Еуролинк“ одбележува 20 години во Македонија

Еуролинк осигурување одбележува 20 години постоење на пазарот во Македонија. Со повеќе од 200 вработени од своите почетоци до денес, компанијата услужила повеќе од 630 илјади клиенти и издала над 2,2 милиони полиси за осигурување. На граѓаните и компании им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети. Еуролинк осигурување го зазема второто место на осигурителниот пазар во земјава.

„Оваа година и наредната одбележуваме 20 години од постоењето на нашата компанија. Ќе продолжиме со сите наши иновации и посебно ќе се фокусираме на унапредување на корисничкото искуство на нашите клиенти. Сакаме да излеземе во пресрет на нашите клиенти со целосна дигитална трансформација. Првиот проект за кои наскоро ќе слушнете е целосната електронска идентификација на сите клиенти во приватното осигурување“, рече Марија Томеска, претседателка на Управен одбор на Еуролинк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button